Марин Ле Пен не доби отштета за тврдење дека е „фашизоидна кучка“

Од:

Суд во Париз ја отфрли тужбата за навреда на претседтелката на францускиот екстремно десничарски Национален фронт Марин Ле Пен против хумористот Никола Бедос, откако тој во неделникот „Маријан“ во 2012 година ја нарече „фашизоидна кучка“.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, Ле Пен поднесе тужба против хумористот само поради употребата на термиот „кучка“. Таа го тужеше директорот на неделникот Морис Сафран за „навреда“, а Никола Бедос за „соучество“.

Двајцата тужени беа ослободени од обвинението на првостепен суд, но Ле Пен ја обжали пресудата.

Судот од Париз сега оцени дека текстот на Никола Бедос „е совршено јасен за секој читател и дека таа намерно има провокативни и навредливи акценти, кои авторот не ги крие“.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата