Лидерката на „Националниот фронт“ Марин Ле Пен, победничка на евроизборите во Франција, изјави дека ќе прави крајнодесничарска политичка група во новиот Европски парламент, но без грчката „Златна зора“, пишува весникот „Та неа“.
Нема загриженост за постоењето на крајнодесничарска група во ЕП, истакна Марин Ле Пен, додавајќи дека во неа нема да бидат вклучени тројцата европратеници на грчката „Златна зора“.
Ле Пен тоа го изјави на заедничка прес-конференција во Брисел заедно со лидерот на холандската националистичка Партија на слободата Геерт Вилдерс и со претставници на австриските, италијанските и белгиските националисти.
Весникот „Та Неа“ наведува дека за формирање на политичка група во ЕП се потребни најмалку 25 пратеници од седум земји.
Марин Ле Пен изјави дека моментално Националниот фрон не располага со таков број на земји и дека засега има особено стабилна база од 38 пратеници од пет земји.