Марин Ле Пен ја запира предизборната кампања додека не ги собере неопходните потписи за кандидатура

Од:

Кандидатката на екстремната десница за претседателските избори во Франција, Марин Ле Пен ја прекина предизборната кампања додека не го собере потребниот број потписи за кандидатурата, соопштија денеска од нејзиниот штаб.

Марин Ле Пен, која на последните претседателски избори во 2017 година влезе во вториот круг од изборите, е загрижена бидејќи се уште не ги собрала потребните 500 потписи, односно спонзорства за поднесување на кандидатурата. Спонзорствата се потписи за поддршка на кандидат од пратеници, советници и други функционери избрани на парламентарни и локални избори. Марин Ле Пен досега има собрано 366 потписи.

Друг кандидат на екстремната десница, Ерик Земур, во неделата изјави дека постои можност да не ги собере сите 500 потписи до 4 март, кога истекува рокот за поднесување на кандидатурата.

Претседателските избори во Франција ќе се одржат во два круга, на 10 и 24 април, при што актуелниот претседател Емануел Макрон, иако се уште не е официјален кандидат, е фаворит во истражувањето на јавното мислење.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано