Марин Ле Пен ја претстави програмата, ветува напуштање на еврозоната

Од:

Марин Ле Пен од партијата Национален Фронт во саботата ја започна својата кампања за претседателските избори во Франција, а во склоп на изборните ветувања предложи напуштање на еврозоната, намалување на данокот на добивка за одење во пензија и претстави тврд став према мигрантите.

„Целта на оваа програма е пред се да се врати слободата во Франција, а на луѓето да им се даде можност да им се чуе гласот“ рече Ле Пен претставувајќи ја програмата.

Според анкетите се очекува 48-годишната ќерка на основачот на партијата Народен Фронт, да биде во врвот во првиот круг на изборите на 23. април, но да изгуби во вториот круг на 7. мај.

Во најнеизвесната изборна трка во последните неколку децении во Франција, Националниот Фронт се надева дека со дводневниот собир во Лион, каде што ја претставуваат програмата, ќе ги убедат гласачите да им дадат поддршка.

Програмата е составена од 144 точки, а освен набороените Ле Пен предлага и ограничување на бесплатното образование само за француски државјани, вработување на 15.000 полицајци, изградба на нови затвори и ограничување на миграцијата.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата