Лидерката на француската десница Марин Ле Пен бара поостар одговор на минатонеделните терористички напади, вклучувајќи надѕор на џамиите и воведување воена служба за деца за да се спречи радикализација на младите.
Ле Пен изјави дека Франција е соочена со внатрешен непријател и повика на глобален одговор, вклучувајќи излез на Франција од Шенген зоната.
Поддршката на нејзината партија Национален фронт, која долго го осудуваше она што го нарекуваа „исламизација“ на Франција, континуирано расте во изминатите години.