Маријан Котлеба: Од професор, до лидер на словачките екстремисти и пратеник

Од:

Од поранешен професор по информатика во средно училиште, па преку лидер на екстремистите во Словачка, актуелниот гувернер на Банско-бистрицката покраина, Маријан Котлеба, по изборите во саботата стигна и до словачкиот Парламент.

Ова е кратката биографија на најголемото изненадување на парламентарните избори во Словачка, Котлеба, лидерот на екстремно десничарската Народна партија „Наша Словачка“, човек кој политички е ангажиран од пред нешто повеќе од 10 години, јави дописникот на МИА од Прага.

Котлеба се појави како претседател на здружението „Словачка солидарност“, а подоцна кога тоа се трансформкра во политичка партија стана нејзин лидер, но само кратко. По една година заради кршење на Уставот и ширење насилство и фашизам, партијата беше забранета и повторно стана здружение.

Триесет и седумгодишниот Котлеба има репутација на ултрадесничарски радикал и како што пишува чешкиот весник „Хосподарске новини“, против него има поднесено обвинение за поддршка на групи кои се залагаат за непочитување на основните човекови права и слободи.

Осомничен е и за ширење на наркотични средства и закани врз основа на потекло и боја на кожата. Против него биле поднесени кривични пријави и за оштетување на имот и други дела, но според медиумите, постапките секогаш биле прекинувани или биле третирани како прекршок.

При неговата прва гувернерска кандидатура, тој во јавноста беше критикуван за летоците против Ромите каде ги нарече „цигански паразити“, а против него беше поднесена и пријава за клевети против одредена нација, раса и вера, која подоцна повторно беше отфрлена.

Подоцна, во ноември 2013 година на големо изненадување на јавноста тој беше избран за гувернер.

Првпат се обиде да освои парламентарен мандат во 2012 година, но без успех. Но, на саботните избори неговата партија освои 14 мандати, што според словачките аналитичари, се должи на „поттикнувањето на ксенофобичната атмосфера“.

Сепак актуелниот премиер Роберт Фицо, кој освои најголем број гласови и кому ќе му треба поддршка од повеќе партии за да формира влада, ја отфрли можноста за коалиција со екстремно десничарската Народна партија „Наша Словачка“.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти