Марија Захарова: Русија ќе ја реши ситуацијата со секое дете од списокот предаден од Киев

Од:

Русија ќе ја реши ситуацијата со секое дете од списокот предаден од Украина по разговорите во Истанбул, изјави денес портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Сè ќе биде решено од руска страна за секое дете, за секое презиме. Имаме различен пристап кон ова, за нас ова не се бројки, ова не се документи, ова не се политика, ова е судбината на секое конкретно дете“, рече Захарова.

По преговорите одржани во Истанбул во понеделник, Русија доби од Украина список со 339 имиња на украински деца за кои Киев тврди дека се киднапирани, додека Москва тврди дека ги спасила со тоа што ги однела на своја територија, бидејќи се нашле во тешка ситуација поради конфликтот и го изгубиле контактот со своите родители.

Би можело да ве интересира

Туск: Полска ќе има клучна улога во европската делегација за преговорите за Украина

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

Зеленски алармира: Русија сака преку евакуација на цивили да го отвори патот кон нови градови

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Полска ѝ рече „не“ на Украина

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година