Европскиот парламент денеска ја избра Марија Габриел за нов европкомесар за дигитализација.
Таа е трет еврокомесар од Бугарија, со мандат до средината на 2019 година.
При тајното гласање денеска во Стразбур, „за“ изборот на Габриел гласаа 517 европратеници, 77 се изјаснија „против“, а 89 беа „воздржани“.
Предвидено е Габриел да ја преземе функцијата на редовната неделната седница на еврокомесарите идната среда.