Мансур: Во 2015 година ќе биде поднесено барање за полноправно членство на Палестина во ОН

Од:

Палестина планира во 2015 година да поднесе барања за полноправно членство во Обединетите нации и очекува до крајот на ноември Советот за безбедност на ОН да гласа за резолуцијата за временската рамка за завршување на израелската окупација, изјави денеска палестинскиот амбасадор во ОН, Ријад Мансур.

Тој наведе дека се надева на широка поддршка за резолуцијата.

– Секако, ние сакаме усвојување на резолуцијата, но ако некој употреби вето, со што ќе го оневозможи СБ на ОН да ги исполни своите обврски и да го отвори патот кон постигнување на мир, посочи Мансур.

Палестина доби статус на држава набљудувач во ОН во ноември 2012 година. Вкупно 135 држави земји-членки на ОН ја имаат признаено државата Палестина до крајот на октомври.

Би можело да ве интересира

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ

Израелски министер за создавање палестинска држава: Со еден збор – не

Горан Наумовски

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина