Мамдани контра Трамп: Нападот е кршење на американското и меѓународното право

Од:

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, по повод нападот на САД врз Венецуела и апсењето на претседателот на таа земја, Николас Мадуро, изјави дека „едностраниот напад врз суверена нација“ е чин на војна и кршење на американското и меѓународното право.

Мамдани објави на платформата X дека бил информиран за апсењето на Мадуро и неговата сопруга од страна на американската војска, како и за нивното планирано затворање во федерален затвор во Њујорк.

„Овој очигледен притисок за промена на режимот не влијае само на оние во странство, туку директно влијае на жителите на Њујорк, вклучувајќи ги и десетиците илјади Венецуелци кои го нарекуваат овој град свој дом. Мојот фокус е нивната безбедност и безбедноста на секој жител на Њујорк, а мојата администрација ќе продолжи да ја следи ситуацијата и да издава релевантни упатства“, рече Мамдани.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека Соединетите Американски Држави ќе „управуваат со Венецуела“ сè додека не се спроведе безбедна, уредна и разумна транзиција на власта, додавајќи дека американските нафтени компании ќе влезат во Венецуела и ќе започнат со експлоатација.

Тој додаде дека Вашингтон не сака повторување на ситуацијата од претходните години во која „некој друг би дошол на власт, а проблемите би останале исти“, објави NBC.

Соединетите Американски Држави денес извршија воздушни напади врз Венецуела, а американскиот претседател Доналд Трамп објави дека американските специјални сили ги уапсиле венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес и ги извеле од земјата.

Главниот обвинител на САД, Пам Бонди, претходно денес објави дека двојката Мадуро ќе се соочи со обвинение издадено против нив од страна на суд во Њујорк.

Би можело да ве интересира

„Доста со наредбите од Вашингтон“: венецуелската лидерка со жесток говор се нафли на Белата куќа

Делси Родригез: Венецуела ќе соработува со сите земји, вклучувајќи ги САД, Русија и Кина

Мадуро испрати порака од затвор: Ќе продолжиме да се бориме

Трамп издаде извршна наредба за заштита на венецуелската нафта

Стејт департментот им советува на Американците во Венецуела веднаш да ја напуштат земјата

„Вашингтон пост“: Ватикан вршеше притисок Мадуро да добие азил во Русија