Малта го презеде претседавањето на ЕУ

Од:

Малта од денеска го презема шестмесечното ротационо претседавање со Советот на ЕУ, а како приоритети за време на својот мандат ги постави прашањата поврзани со миграцијата, безбедноста, единствениот европски пазар, како и соседската политика и поморскиот сектор.

На прашањата за плановите во областа на проширувањето на ЕУ од Претседателство на Малта најавуваат дека ќе ги продолжат активностите почнати од страна на претходниот претседавач, Словачка, јави Танјуг.

– Малтешкото претседавање останува посветено на процесот на проширување. Проширувањето на ЕУ е долготраен процес кој бара силни реформи од земјите-кандидатки, изјави портпаролката на Претседателството на Малта, Венди Борг.

За разлика од Словачка, која кон средината на минатата година меѓу приоритетите на своето претседателство го стави продолжувањето на проширувањето на ЕУ и враќањето на довербата во процесот на евроинтеграција на Западен Балкан, Малта сепак проширувањето не го споменува како свој фокус.

Како апсолутен приоритет на своето претседавање, прво од влегувањето во ЕУ, Малта ги наведува миграцијата, политиката на азил, но и безбедноста на ЕУ, како внатре во Унијата, а така и на нејзините надворешни граници.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

ВИДЕО: Лавров влезе во Европската унија и тоа со руски владин авион