Малолетник во Јута уби жена и три деца

Од:

Момче вооружено со пиштол убило три деца и една жена во дом во американската сојузна држава Јута, во петокот вечерта, а уште едно лице е повредено и завршило во болница, јави „Еј-би-си њуз“.

Пукањето се случило во мирна населба во градот Грентсвил, посочи телевизискиот канал.

Полицијата сè уште се обидува да открие кој е кој во овој инцидент и што точно се случило за време на пукањето во петокот навечер. Инспекторите веруваат дека жртвите се роднински поврзани, а полицијата одби да објави какви било информации за напаѓачот освен дека е малолетник. Властите исто така соопштија дека сè уште не е утврден мотивот за нападот.

Полицијата добила повик за пукање и пристигнала на местото на настанот околу 7 часот навечер. Кога пристигнале, нашле тела на две девојчиња, едно момче и една жена. Напаѓачот и преживеаната жртва не биле во куќата. Подоцна откриле дека по пукањето, во куќата дошол маж кој преживеаната жртва и момчето што пукало ги пренел во болница.

Полицијата го уапсила момчето и го одвела во центар за притвор на малолетни лица, додека повредениот во моментов е во болница и е во стабилна состојба. Лицето кое ги однело во болница немало никаква врска со пукањето.

Момчето се соочува со 10 обвиненија, од кои најсериозно е она за тешко убиство.

Би можело да ве интересира

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај „Мавровка“

Во двор ја задави со голи раце екс партнерката, соседите ја најдоа мртва

А1он

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Чистката во војската: Трамп го отпушти највисокиот генерал

Предраг Петровиќ

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

По петдневна потрага полицијата го уапси убиецот Емир Селимовиќ

Горан Наумовски