Малиските и француските трупи го зазедоа северниот град Хомбори

Од:

Малиските и француските трупи го зазедоа денес градот Хомбори во северниот дел на Мали, соопштија официјални лица, а во натамошната борба за превземање контрола над северниот дел на земјата од исламистичките бунтовници, на тие трупи ќе им се придружат уште француски и меѓународни војници.

Градот Хомбори се наоѓа на околу 160 километри од исламистичкото упориште Гао, а француските борбени авиони претходно ги бомбардираа бунтовничките позиции, магацините со гориво и муниција во близина на тоа упориште, пренесува BBC.

Во меѓувреме, според некои извештаи, бунтовниците го кренаа во воздух мостот што го поврзува источниот дел на оваа западноафриканската држава со Нигер, од каде што африкански трупи планираат да отворат фронт.

Поранешниот пратеник на Мали, Ибрахим Аг Идбалтанате рече дека, сепак, овој мост е единствениот пат преку кањонот, што го дели Нигер од Гао.

Силите од Нигер и Чад намераваат да се приклучат на операцијата против бунтовниците во Мали, а уште неколку африкански земји ветија воена помош на владата на Мали за превземање на контролата над северот.

Во исто време, британското Министерство за одбрана денеска соопшти дека го распоредува шпионскиот авион “sentinel”R1 како поддршка на француските трупи во Мали.

Ова високотехнолошко летало, опремено е со радар кој може да скенира илјадници квадратни метри во минута, користено е и во мисии над Либија во 2011-та, кога бунтовниците се обидуваа да го соборат Моамер Гадафи од власта.

Исламистите минатата година воспоставија контрола над поголем дел од северен Мали, каде на жителите им го наметнаа строгиот исламски закон, шеријатот.

Франција на 11 Јануари започна воена интервенција за да го спречи напредувањето на бунтовниците кон југот на земјата и до сега во нејзината поранешна колонија распореди 2300 војници.

Италија, Германија, Белгија, Велика Британија, Канада, Данска, Холандија, Шпанија и Обединетите Арапски Емирати, исто така, испраќаат свои авиони и хеликоптери за да го помогнат префрлањето на африканските и француските војници.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз