Малата Мелиса од Германија, која исчезна во неделата попладне, е пронајдена мртва

Од:

Малата Мелиса (2) од Германија, која исчезна во неделата попладне, е пронајдена мртва, потврдија властите. Нуркачите го пронашле тело на двегодишното девојче од околината на Зигмаринген.

Мелиса исчезнала во неделата околу 17 часот. По нејзиното исчезнување, започна голема потрага, а селаните ја бараа во текот на ноќта и покрај малите шанси за успех.

Во вторникот наутро десет нуркачи се вратија во реката Лаучер. Тие пребаруваа пет километри долж реката до вливот во Дунав во близина на Зигмарингендорф и гo откриле телото на детето.

Билд пренесува дека постои сомневање дека девојчето паднало во реката на неколку метри од куќата на нејзините родители.

„Кучето трагач го мирисаше мирисот на Мелиса. Патеката завршуваше кај реката“, изјави портпаролката на полицијата Даниела Баер.

Родителите на Мелиса дошле од Молдавија во Германија, а според локалните жители, семејството се преселило таму пред две години.

Полицијата ја запечати куќата, а детективите ги обезбедија доказите. Полицијата се уште претпоставува дека се работи за трагична несреќа и нема докази за кривично дело.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Влегло во погрешен автобус, завршило во Скопје – пронајдено шестгодишното девојче од Куманово

Катерина Ѓуровски

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува