Малата група за Сирија побара од ОН што е можно побрзо да организира изготвување нов Устав на Сирија

Од:

САД и шест други земји, таканаречената Мала група за Сирија, го повикаа специјалниот претставник на Обединетите нации во земјата што е можно побрзо да организира прв состанок на комисијата задолжена за изготвување на новиот сириски Устав, за да може да се свикаат избори.

– Апелираме што е можно побрзо да се формира веродостојна и отворена кон сите уставна комисија, која ќе почне да работи на подготовка на нов сириски Устав и да ги постави темелите за слободни и законски избори, изјавија министрите за надворешни работи на Германија, Саудиска Арабија, Египет, САД , Франција, Јордан и Велика Британија.

Во заедничката изјава дадена по состанокот на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, дипломатите побараа од специјалниот пратеник, Стефан де Мистура најдоцна до 31 октомври да извести дека е постигнат напредок.

На изборите треба да можат да учествуваат сите Сиријци, вклучувајќи ги и милионите бегалци кои ја напуштија земјата од почетокот на граѓанската војна во 2011 година, истакнаа тие.

Учеството на бегалците на изборите ќе ја усложни ситуацијата за претседателот Башар Асад, кој се повеќе се покажува како победник во конфликтот, коментираат светските медиуми.

Седумчлената група ги повика сојузниците на Дамаск, Русија и Иран да издејствуваат ривалските сириски страни да покажат подготвеност активно да учествуваат во работата на уставната комисија.

Војната не може да се реши со воени средства, единственото решение е политичко, истакнаа седумте министри во нивната заедничка изјава.

– Оние кои се стремат кон воено решение, само ќе го зголемат ризикот од опасна ескалација и ширење на кризата, заканувајќи се да го запалат целиот регион и не само него, предупредија тие.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ