Малала потпиша договор за книга вреден 3 милиони долари

Од:

Пакистанката Малала Јусуфзаи, активистка за право на девојчињата за школување, која талибанците се обидоа да ја убијат, потпиша договор за книга вреден околу 3 милиони долари.

Петнаесетгодишна Пакистанка изјави дека во мемоарите ќе ја раскаже својата приказна, но и на милиони други, на кои што им е ускратена можноста да одат на училиште, пренесе „Би Би би си“.

Сакам да ја пренесам својата приказна, преку приказната на 61 милиони деца, кои што не можат да се школуваат. Се надевам дека книгата ќе допре до сите луѓе низ светот, за да сфатат колку им е тешко на некои деца да добијат образование – изјави Малала.

Книгата „Јас сум Малала“ треба да биде објавена оваа есен.

Сакам оваа книга да биде дел од кампањата, за да им се овозможи на младите да имаат право да одат на училиште. Тоа е нивно основно право – изјави Пакистанката.

Таа на 9-ти октомври беше мета на напад на талибанците, поради тоа што ги критикуваше бунтовничките групи и се залагаше за образование на сите девојчиња, на што се противат исламистичките екстремисти.

Сега со семејството живее во Бирмингем, каде што се уште се опоравува од повредите.

Издавачката куќа Вајденфелд Николсон соопште дека во мемоарите ќе биде опишан и нападот на малата Малала.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Грета Тунберг се сретна со нобеловката Малала Јусуфзаи

Ана Ололовска

Малала ја заврши посетата на Пакистан

Ана Ололовска

Гутереш ја назначи Малала за Амбасадор за мир на ОН

Ана Ололовска

Повеќето од напаѓачите на Малала Јусафзаи тајно пуштени од затвор

Емир Латифовиќ

Малала Јусуфзаи и Каилаш Сатјарти ја примија Нобеловата награда за мир

Емир Латифовиќ

Врачена Нобеловата награда за мир на Малала и на Сатјарти

Ана Ололовска