Макрон вети 15 милијарди евра за зелена економија

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска вети 15 милијарди евра за транзиција кон зелена економија, еден ден откако неговата партија Република во движење беше поразена во вториот круг од локалните избори од страна на Зелената партија, која извојува победа во неколку големи градови.

Макрон рече дека е подготвен да распише референдум за да може климатските цели да бидат вклучени во Уставот, доколку парламентот тоа го одобри.

На состанокот со Граѓанскиот климатски совет, тој дополни дека наскоро ќе започне со воведување на политики што се во согласност со заштитата на животната средина.

– Предизвиците за нашата клима бараат да направиме повеќе, рече Макрон.

Францускиот претседател го поддржа и предлогот да се стави мораториум за изградба на нови трговски зони на периферијата на градовите и додаде дека ќе размисли за носење нов закон против „екосидите“.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата