Макрон: Трамп сака траен прекин на огнот во Украина по средбата со рускиот претседател Владимир Путин

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп сака траен прекин на огнот во Украина по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска во петокот, а Франција ја поддржува иницијативата, изјави денес францускиот претседател Емануел Макрон.

Макрон рече дека за време на заедничкиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, претседателот на Европскиот совет Антонио Коста и лидерите на Европската унија, Трамп изјавил дека сите територијални прашања, односно територии што официјално ѝ припаѓаат на Украина, мора да бидат предмет на преговори со Украина, објавува „Ле Фигаро“.

„Територијалните прашања се под надлежност на Украина и за нив ќе преговара само украинскиот претседател, ние ја поддржуваме таа позиција“, рече Макрон по видеоконференцијата.

Немало сериозни разговори за размена на територии меѓу Украина и Русија, додаде тој.

Во врска со потенцијалниот нов пакет санкции против Русија, Макрон рече дека „сè е на маса“.

„Разговорот со Доналд Трамп ни помогна да ги разјасниме неговите намери, како и да ги изразиме нашите очекувања“, рече Макрон.

Би можело да ве интересира

Путин му порача на Иран: Русија е со вас

Трамп изјави дека САД размислуваат за „постепено намалување“ на операциите на Блискиот Исток

Федерален суд нареди враќање на новинарите протерани од Пентагон

(ВИДЕО) Иран: Одмазда за братот Наини, горат американските и израелските бази, Трамп ќе има судбина како Садам

Макрон ги повика САД и Иран да се вразумат

Омански министер тврди: Трамп ја изгуби контролата врз надворешната политика