Макрон: Трајниот мир бара цврсти безбедносни гаранции за Украина

Од:

Во Вашингтон, заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски и нашите партнери, му ја потврдивме на американскиот претседател Доналд Трамп нашата решеност да продолжиме со здружување на напорите за цврст и траен мир, мир што ќе ги заштити интересите на Украина и безбедноста на Европа, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Макром додаде во објава на X дека е јасно дека притисокот врз Русија мора да продолжи сè додека не се воспостави овој мир.

– Таквиот мир нужно ќе бара обезбедување цврсти безбедносни гаранции за Украина, на кои решивме да работиме на многу конкретен начин со Соединетите Американски Држави, рече Макрон.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера одржа состанок со Зеленски во Белата куќа на тема завршување на војната во Украина, а потоа им се придружија на проширени разговори претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, генералниот секретар на НАТО Марк Руте, германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанскиот премиер Џорџа Мелони, францускиот претседател Емануел Макрон, финскиот претседател Александар Стабс и британскиот премиер Кир Стармер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Кој е рускиот генерал кој беше застрелан денеска во Москва

Катерина Ѓуровски

ББЦ: Украинците се смрзнуваат, „животот во Киев е ужасен“

САД упатија предупредување до Русија

Дмитриев: Наводните врски на Епстин со Русија се обид да се спасат корумпираните либерали

Зеленски: Има шанса за мир со Русија во следните 12 месеци

Ученичка од осмо одделение запали училница, со чекан тепаше деца, хорор сцена во училиште во Русија