Макрон смета дека може да ја обедини поделената Франција

Од:

Кандидатот за претседател на Франција, кој котира високо на предизборните анкети, Емануел Макрон, изјави дека тој може да ја обедини поделената Франција.

За време на митингот одржан во Лион, Макрон се претстави како единствениот кандидат способен да се издигне над традиционалните поделби на левицата и десницата во Франција и дека може да ја завземе позицијата во центарот.

Поранешниот француски премиер Франсоа Фијон и независниот кандидат Емануел Макрон, според анкетите би ја победиле лидерката на Националниот Фрон, Марин Ле Пен во вториот круг од француските претседателски избори.

Сепак, Фијон, почнува да губи од својот рејинг, бидејќи е обвинет дека својата сопруга ја вработил како асистентка во парламентот.

Макрон според анкетите за првиот круг ужива поддршка од 20 отсто, но доколку успее да влезе во вториот круг, таму би го поддржале дури 63 отсто од Французите.

Првиот круг од франциските претседателски избори е закажан за 23 април, а трката станува навистина интересна и неизвесна.Кандидатот за претседател на Франција, кој котира високо на предизборните анкети, Емануел Макрон, изјави дека тој може да ја обедини поделената Франција.

За време на митингот одржан во Лион, Макрон се претстави како единствениот кандидат способен да се издигне над традиционалните поделби на левицата и десницата во Франција и дека може да ја завземе позицијата во центарот.

Поранешниот француски премиер Франсоа Фијон и независниот кандидат Емануел Макрон, според анкетите би ја победиле лидерката на Националниот Фрон, Марин Ле Пен во вториот круг од француските претседателски избори.

Сепак, Фијон, почнува да губи од својот рејинг, бидејќи е обвинет дека својата сопруга ја вработил како асистентка во парламентот.

Макрон според анкетите за првиот круг ужива поддршка од 20 отсто, но доколку успее да влезе во вториот круг, таму би го поддржале дури 63 отсто од Французите.

Првиот круг од франциските претседателски избори е закажан за 23 април, а трката станува навистина интересна и неизвесна.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата