Макрон се согласува со Бајден: Вакцината треба да ја биде светско јавно добро

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон го поддржа откажувањето од интелектуална сопственост над вакцините против Ковид-19, откако идејата ја изнесе неговиот американски колега Џо Бајден.

„Се разбира, треба да ја направиме оваа вакцина светско јавно добро“, изјави Макрон на отворањето на првиот голем „вакцинодром“ во Париз.

Сепак, тој истакна дека сега се „краткорочно“ важни „донациите“ и „производството во партнерство со сиромашните земји“.

Макрон на 23 април се изјасни против моментално укинување на заштитата на интелектуалната сопственост над вакцините.

Тој објасни дека проблемот е во трансферот на технологија.

„Можете да ја пренесете интелектуалната сопственост на фармацевтите во Африка, но тие немаат платформа за производство на гласник РНК. Ние сакаме да пренесеме технологија и знаење за да направиме платформи во Африка и тоа е клучот за сè“, рече Макрон.

Би можело да ве интересира

Емануел Макрон му порача на Нетанјаху: Мора да заврши страдањето на цивилите во Газа

Макрон: Пред нас се 90 дена полни со неизвесност

Хамас: Француското признавање на палестинската држава до јуни би било важен чекор

Макрон: Франција планира да ја признае палестинската држава во наредните месеци

Макрон: Ако Русија продолжи да го одложува и одбива мирот, мора да следи решителна акција

Макрон: Царините на Трамп за Европа се брутални, нашиот одговор ќе биде посилен од претходно