Mакрон сака повеќе полицајци на теренот и најавува голема дебата за дрогата

Од:

Во интервју за дневниот весник „Фигаро“, францускиот претседател Емануел Макрон, една година пред крајот на неговиот петгодишен мандат вели „дека се бори за правото на мирен живот“ и го брани својот резултат од борбата бо земјата, која, според него, се соочува со „нагло зголемување на насилството врз луѓето, особено насочено кон претставници на власта“. Тој, притоа вети дека „ќе ја намали деликвенцијата насекаде“.

Макрон вети дека ќе ја одржи својата цел за 10.000 дополнителни полицајци и жандарми пред крајот на петгодишниот мандат; со тоа „секој полициски округ, без исклучок, да има повеќе полицајци од неговиот мандат, отколку на почетокот“.

-Секој Французин ќе гледа повеќе луѓе во сини униформи на теренот во 2022 година отколку во 2017 година. Тоа ги уверува луѓето, ги одвраќа деликвентите, изјави шефот на француската држава во интервјуто за Фигаро.

Тој, исто така, во Монпелје најави создавање еден вид воено училиште со континуирана обука за полицајците, како и модернизација на нивната униформа и замена на полициските капи. Во оваа полициска академија, полицајците ќе имаат курсеви за обука од три до шест месеци.

Макрон потврди, како што е предвидено со законот за сеопфатна безбедност, создавање резерва од 30.000 полицајци.

-Франција стана земја на потрошувачка на дрога и затоа, мора да го урнеме ова табу, да почнеме голема национална дебата за потрошувачката на дрога и нејзините штетни ефекти. Бидејќи оние кои конзумираат дрога – и ова се однесува на сите социјални категории – мора да разберат дека не само што го загрозуваат нивното здравје, туку и дека ја разгоруваат трговијата. Вие виткате џоинт во вашата дневна соба и, на крајот, го храните најважниот извор на несигурност … “, додава тој.

Емануел Макрон забележува дека трговијата со дрога експлодира и ја формира економската матрица на насилство во Франција“.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата