Макрон потврди дека нема да поднесе оставка доколку неговата партија загуби на изборите

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска потврди дека нема да поднесе оставка доколку неговата партија „Преродба“ не победи на вонредните парламентарни избори на крајот на месецот.

„Сакам да ја отфрлам таа идеја на почетокот, бидејќи таа опција никогаш не постоела“, им рече Макрон на новинарите, објави Ројтерс.

Макрон претходно денеска изјави дека распуштањето на францускиот парламент и распишувањето предвремени избори е единствениот можен одговор на добрите резултати што ги постигна екстремната десница на изборите за Европскиот парламент.

Би можело да ве интересира

Макрон: Нетанјаху да се придржува до одлуките на ОН, телото што го создаде Израел

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

Макрон го повика Израел да престане да ескалира, а Хезболах да ги прекине непријателствата

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Макрон: Местото на Србија е во ЕУ

Горан Наумовски