Макрон му порача на Си Џинпинг: Вратете го Путин на преговарачка маса

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска побара од кинескиот претседател Си Џинпинг да се обиде да го убеди рускиот претседател Владимир Путин „да се врати на преговарачката маса“, соопшти Елисејската палата по разговорот меѓу Макрон и Си на маргините на самитот на Г-20 на Бали.

Макрон побара „Кина да придонесе да му се пренесат пораки на претседателот Путин за да се избегне ескалација и сериозно да се врати на преговарачката маса“, се вели во соопштението на француското претседателство што го пренесува BFMTV.

Претседателите на Франција и Кина на билатерална средба ја потврдија својата цврста позиција за спречување на можна употреба на нуклеарно оружје во војната во Украина, се наведува во соопштението на Елисејската палата објавено на веб-страницата на претседателството.

Според соопштението, „има позитивна динамика од кинеска страна“ за прекин на конфликтот. „Кина им пренесува пораки на руските власти, со волја да се најде решение за постигнување мир.

Би можело да ве интересира

Се разгорува конфликтот за гас во Европа, Путин ги трие рацете

(ВИДЕО) Трамп: Има само една стратегија за ставање крај на војната, наскоро се среќавам со Путин

Потврдено: Се подготвува средбата Путин-Трамп

Предраг Петровиќ

Џонсон за Путин: „Објасни му на тој еб*н идиот дека Русија не е империја“

Предраг Петровиќ

Џуд Ло ќе го глуми Путин во „Волшебникот од Кремљ“

Макрон го критикуваше мешањето на Маск во изборите во Европа