Макрон, Меркел и Конте се заканија со санкции поради оружјето за Либија

Од:

Лидерите на Франција, Германија и Италија се заканија дека ќе воведат санкции за земјите што продолжуваат да го кршат ембаргото на Обединетите нации за извоз на оружје во Либија.

„Ние, исто така, ги повикуваме сите странски актери да го прекинат нивното се поголемо мешање и целосно да го почитуваат ембаргото на Советот за безбедност на ОН за извоз на оружје во Либија“, се вели во заедничкото соопштение на Емануел Макрон, Ангела Меркел и Џузепе Конте, издадено од француското претседателство.

Европските лидери исто така наведуваат дека тие се подготвени да прибегнат кон санкции доколку се продолжи со кршење на ембаргото на море, на копно или во воздух.

Би можело да ве интересира

Макрон: Франција и Велика Британија предлагаат еднонеделен прекин на огнот во Украина

Макрон: Не смееме да бидеме американски вазали

Макрон: Можен е прекин на огнот меѓу Украина и Русија

Макрон: Целта на Франција е да изгради цврст, траен мир во Украина

Трамп: Путин дозволи европски мировници да бидат стационирани во Украина

Макрон: Некои европски земји би биле подготвени да имаат мировни сили во Украина