Макрон ќе оствари телефонски разговор со Путин поради ситуацијата во Украина

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска треба да оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во обид да се деескалира конфликтот со Украина, поради стравувањата на Западот дека Москва можеби планира инвазија.

Макрон ги гледа разговорите и како можност да види каде точно стојат и двајцата во сегашната ситуација. Тој се надева и на појаснување од руска страна за некои потези, јави ДПА. Извори од Кабинетот на Макрон наведуваат дека францускиот шеф на државата сака уште еднаш да нагласи дека руската инвазија ќе има сериозни последици.

Западните држави се многу загрижени дека инвазијата може да биде неизбежна, бидејќи 100.000 руски војници се стационирани во близина на границите на Украина. Русија постојано ги негира таквите планови.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала