Макрон „ќе ја почитува одлуката на француските гласачи“

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе ја почитува одлуката на француските гласачи по денешните парламентарни избори на кои левичарскиот Нов народен фронт освои најмногу гласови, соопшти неговиот кабинет.

Во соопштението беше наведено дека претседателот ги анализира проекциите и дека согласно традицијата ќе почека да добие целосна слика за резултатите пред да ги донесе потребните одлуки.

Според првите проекции по затворањето на гласачките места во Франција, на прво место е левичарската коалиција Нов народен фронт, која би можела да освои меѓу 180 и 215 места во парламентот.

Центристичката коалиција предводена од претседателот Емануел Макрон би можела да освои меѓу 150 и 180 места.

Екстремно десничарската коалиција Национален митинг на Марин Ле Пен е на последното место со очекувани 120-150 места, според анкетата на ИФОП.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција