Макрон изрази надеж дека Трамп нема да ги повлече САД од Париската спогодба за климата

Од:

Францускиот претседател Франсоа Макрон изјави во интервју дека се надева оти претседателот на САД, Доналд Трамп нема да ја повлече својата земја од Париската спогодба за климата.

– Трамп ми кажа дека ќе се обиде да пронајде решение следниве месеци, го цитира Макрон, неделникот „Журнал ди диманш“, во денешното издание.

Според францускиот претседател за време на средбата во Париз порано оваа недела тие разговарале детално за „работите, кои можат да го поттикнат Трамп да се врати во Париската спогодба“.

Претседателот на САД изјавил дека спогодбата е премногу мека мерка за главните загадувачи Кина и Индија и со тоа се става на ризик американската економија.

Би можело да ве интересира

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Хамас: Француското признавање на палестинската држава до јуни би било важен чекор

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката

Трамп: Сè ќе цвета наскоро