Макрон имал „помрачен ум“ кога ја критикувал Турција околу Либија, вели Анкара

Од:

Турција денес возврати на критиките од Франција за нејзината интервенција во Либија, соопштувајќи дека францускиот претседател Емануел Макрон мора да претрпел „помрачување на умот“ за да се спротивстави на поддршката што Анкара и ја дава на меѓународно призната влада во Триполи.

Макрон вчера ја обвини Турција дека „игра опасна игра“ во Либија и изрази поддршка за египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, кој во саботата порача дека Каиро има право да интервенира во конфликтот кај соседот, пренесоа британските медиуми.

„Категоризацијата на Макрон за поддршката на нашата земја за легитимната влада на Либија се темели на резолуциите на ОН, а нивната проценка дека тоа е опасна игра може да се објасни само како помрачување на умот,“ изјави портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хами Аксој.

Аксој смета дека сегашните проблеми во Либија се предизвикани од нападите на силите на генералот Калифа Хафтар, кои ги отфрлија договорите за прекин на огнот постигнати во Москва и во Берлин.

Париз е обвинет дека му дава политичка поддршка на Хафтар и дека претходно му давал воена помош за борба против исламистичките екстремисти. Франција негира дека го поддржува Хафтар и постојано ја критикува Турција за нејзината улога во конфликтот.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски