Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон го назначи Мишел Барние, поранешен еврокомесар и поранешен главен преговарач за Брегзит, за мандат за формирање на новата влада.

BFMTV објави дека Франција доби премиер по неколку недели неизвесност.

Барние има сериозни шанси да стане нов премиер, по речиси два месеци од вонредните избори во таа земја.

BFMTV се повика на свои извори од централнодесничарската Републиканска партија, која учествува во преговорите за мандат со претседателот Емануел Макрон.

Претходните денови се споменуваа имињата на потенцијалните кандидати, пред се поранешниот социјалистички премиер Бернар Казнев и Ксавиер Бертранд, поранешен член на Републиканската партија и претседател на најсеверниот регион на Франција.

Од кругови блиски до Лоран Вокие, шефот на републиканската парламентарна група во француското Национално собрание, на BFMTV му беше кажано дека Барние е „личност што Вокие многу ја цени“.

Оние околу Барние не сакаа да ги коментираат овие информации за BFMTV, но таа дозна дека поранешниот еврокомесар бил примен од блискиот соработник на Макрон, Алексис Колер, во јули оваа година за да му ја претстави можноста на Барние да стане премиер.

Се наведува дека во последните неколку дена се водат нови разговори со Елисејската палата.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ