Макрон ги претстави реформите за излез од кризата со „жолтите елеци“

Од:

Шефот на француската држава Емануел Макрон ги претстави денеска деталите на предлог-законот пред Советот на министри, со цел да ја спаси Франција од кризата со „жолтите елеци“, јави дописникот на МИА од Париз.

Предлог законот за итните мерки беше поднесен денеска во Собранието, истакна портпаролот на Владата, Бенјамин Гриво, веднаш по завршувањето на министерскиот совет, кој е последен за оваа годината. Тој ги потврди мерките што ги објави Емануел Макрон на 10 декември како одговор на “жолтите елеци” и го потврди нивното спроведување на дело.

– Донесовме одлуки. Сите мерки донесени во ноември ќе бидат ефективни, увери Бенжаман Гриво, додавајќи дека „големата дебата“ за излез од кризата, побарана од страна на претседателот не треба „да ги поништи“ одлуките донесени од пред18 месеци.

По една недела колебање, премиерот Едуард Филип одлучи да ја промени стратегијата. Во врска со минималната плата, зголемувањето од 100 евра нема да се однесува на сите кои се на минималец, како што тој најави минатиот вторник, туку само на половина од вработените со минималец. Од друга страна, зголемување ќе има за лицата чија плата е повисока од минималната плата. Тоа ќе го надмине бонусот за активност, зголемен за 90 евра, што ќе го искористат пет милиони даночни обврзници, наспроти 3,8 милиони моментно. Оние кои не се во брак и заработуваат 1.560 евра нето приход, ќе можат да имаат корист од овој бонус, како и самохраните мајки чии примања достигнуваат 2.000 евра. Овој бонус ги вклучува самовработените и државните службеници чија плата е близу до минималната плата. Оваа премија за ревалоризирана активност ќе треба да се исплати пред 31 март, истакна Гриво.

Како што нагласи Макрон пред осум дена, ослободувањето од придонесите за социјално осигурување на доход од прекувремена работа ќе започне од 1 јануари 2019 година, наместо на 1 септември. Овие прекувремени часови, исто така, ќе бидат ослободени од данок. Предлог-законот додава важно објаснување за јавните финансии. Со цел да се избегнат неочекуваните ефекти во компаниите кои се појавиле за време на истата мерка воведена од Саркози, изземањето на данокот на доход ќе биде ограничено на 5.000 евра годишно.

Синдикатите на јавните служби се незадоволни и оценија дека од овие мерки се исклучени вработените во јавните служби. Тие бараат да бидат исто така опфатени со мерките, а пет нивни синдикати в петок ќе бидат примени на разговор во Министерството за финансии.

Инаку „големата национална дебата“, која ја бара шефот на француската држава, според портпаролот на Владата мора да се осврне на четири главни теми – еколошката транзиција, оданочувањето, државната организација, демократијата и граѓанството. Таа дебата ќе треба да доведе “до крајот на март – средината на април” до „многу конкретни одлуки, зависно од утврдениот консензус“.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток