Макрон ги повика САД и Иран да се вразумат

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на итни директни разговори меѓу САД и Иран, велејќи дека дипломатското решение би можело да биде клучно за ограничување на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.

По пристигнувањето на самитот на лидерите на Европската Унија, Макрон предупреди дека евентуалното уништување на капацитетите за производство на нафта во регионот ќе има далекусежни и долготрајни последици за глобалната економија.

„Затоа би сакал да видам директни разговори меѓу САД и Иран и за ова прашање“, рече францускиот претседател, според западните медиуми.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Ќе продолжиме да го напаѓаме Хезболах каде што е потребно

Над 3.000 убиени во Иран од почетокот на конфликтот со САД и Израел

(ВИДЕО) Иранците го оплакуваат Хамнеи: Завршува 40-дневниот период на жалост

Горан Наумовски

Иран ќе дозволи до 15 бродови дневно да поминуваат низ Ормутскиот теснец

Иран го отфрла клучното барање на САД

Катерина Ѓуровски

Цената на нафтата повторно расте поради сомнежите за примирјето меѓу САД и Иран