Макрон: Франција и САД ќе направат се за да спречат ескалации на Блискиот Исток

Од:

Франција и САД ќе вложат поголеми напори за да спречат понатамошна ескалација на Блискиот Исток, а клучниот приоритет е смирување на ситуацијата меѓу Израел и Хезболах, изјави во саботата францускиот претседател Емануел Макрон.

„Заедно ќе ги удвоиме нашите напори за да избегнеме експлозија во регионот, особено во Либан“, рече Макрон во заедничката изјава со американскиот претседател Џо Бајден, кој е во државна посета на Франција.

Макрон додаде дека страните работат на „подобрување на параметрите“ со цел да се намалат тензиите и да се стави крај на институционалниот вакуум во Либан.

Франција и САД се обидуваат да ги намалат тензиите во регионот во последните месеци. Париз им претстави писмени предлози на двете страни со цел да се запре ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Хезболах на границата. САД, исто така, работат на тоа, но дипломатите рекоа дека има проблеми во координирањето на напорите.

Макрон рече дека двете земји развиле „блиска соработка“ во преговорите „со Израел од една страна и Либан и сите други вклучени страни од друга страна“. Во својата кратка изјава, Бајден не го спомна Либан, ниту Иран, за кој Макрон рече дека усвојува стратегија за ескалација во регионот, потсетувајќи на нападот на Иран врз Израел и развојот на неговата нуклеарна програма.

Би можело да ве интересира

Макрон: Нетанјаху да се придржува до одлуките на ОН, телото што го создаде Израел

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

Макрон го повика Израел да престане да ескалира, а Хезболах да ги прекине непријателствата

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Макрон: Местото на Србија е во ЕУ

Горан Наумовски