Претседателот на Франција Емануел Макрон денеска изјави дека избирачкото тело на Европската унија се соочува со сериозни избори, од една страна заедничка европска иднина, а од друга национализмот.
-Дали сакаме да продолжиме да работиме заедно за да тргнат работите на подобро или сакаме да ја уништиме ЕУ и да се вратиме на национализмот, праша Макрон во Сибиу, Романија, пред самитот на ЕУ.
Тој оцени дека поради пораст на популизмот ширум европскиот континент таков избор избил во прв план, а одговорот ќе го дадат изборите за Европскиот парламент од 23 до 26 мај.