Макрон: Дроновите што го нарушуваат воздушниот простор на земјите од Европската Унија и НАТО можат да бидат уништени

Од:

Дроновите што го нарушуваат воздушниот простор на земјите од Европската Унија и НАТО можат да бидат уништени, изјави францускиот претседател Емануел Макрон, повикувајќи на уште поголема стратешка неизвесност во европскиот одговор на ваквите инциденти.

– Верувам дека главниот одговор треба да биде уште поголема непредвидливост и стратешка неизвесност, рече Макрон на отворањето на самитот на Европската политичка заедница во Копенхаген.

Како што рече францускиот лидер, многу е важно да се испрати јасен сигнал.

„Нарушувањето на нашиот простор со дронови носи голем ризик. Тие можат да бидат уништени, точка. И ние нема да предупредуваме за тоа однапред“, рече тој.

„Ќе направиме сè што е потребно за да го зачуваме нашиот интегритет“, рече Макрон.

Русија е обвинета за повеќекратни нарушувања на воздушниот простор со авиони и дронови во последните недели.

Би можело да ве интересира

Трамп „го стави на место“ Зеленски во емисија во живо: „Имаме најдобри дронови, не ни треба ничија помош“

Предраг Петровиќ

Руската одбрана собори 72 украински дронови

Катар е нова цел на масовен ирански напад со дронови

Макрон: Франција не води војна на Блискиот Исток

Со евтини дронови Иран ги осиромашува американските ракетни резерви

Руте: Членките на НАТО ја поддржуваат војната на Трамп против Иран