Макрон: Безбедноста на Европа не треба да зависи од САД

Од:

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска повторно се заложи за европски проект на одбрана, наведувајќи дека Европа за безбедносните прашања не би требало да се потпира на САД.

– Ние треба да ја гарантираме европска безбедност, а со самото тоа и нејзиниот суверентитет, истакна Макрон во обраќањето пред француските амбасадори во Париз.

Тој додаде дека во разговорите за соработката во областа на одбраната би требало да се вклучат сите европски земји и Русија, во случај ако има напредок со Москва за прашањето за Украина.

Макрон во говорот ги претстави и приоритетите на француската дипломатија за следната година.

Тој ситуацијата во Сирија ја оцени како многу вознемирувачка, пред се во процинцијата Идлиб, каде се заканува нова хуманитарна криза. Идлиб е под контрола на бунтовниците.

Макрон апелираше „уште повеќе да се засили притисокот врз сирискиот режим и неговите сојузници“ за надминување на конфликтот со политички средства.

– Во таа насока многу очекувам од Русија и од Турција, пред се поради нивите преземени ангажмани“.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија