Макрон: Безбедносните сили ќе бидат распоредени во Украина по мировниот договор

Од:

Емануел Макрон најави дека „силите за поддршка на безбедноста“ во Украина ќе дејствуваат како безбедносна гаранција и ќе бидат распоредени следниот ден по постигнувањето на мировниот договор.

Овој термин е различен од досега дискутираните „мировни сили“.

Макрон рече дека идејата дошла од Британија и Франција на барање на Украина.

Тој нагласи дека силите се во фаза на планирање, но дека нема да бидат замена за мировните трупи за одржување на каков било прекин на огнот.

Францускиот претседател посочи дека неколку земји ќе учествуваат во силите – но тие нема да бидат распоредени на линијата на контакт, туку во „стратешки области“.

Тој, исто така, рече дека не сите земји на состанокот на Коалицијата на волјата изразиле желба да учествуваат.

„Тоа не е едногласно“, рече тој, но додаде: „Не ни треба едногласност за да го оствариме тоа“.

„Оваа сила за стабилност не треба да ги замени мировните сили на линијата на контакт или силната и стабилна украинска армија“, додаде тој, најавувајќи дополнителни разговори на оваа тема.

Би можело да ве интересира

29 лица загинаа откако се урна руски воен транспортен авион во Крим

„Црниот план“ на Путин и пропагандната војна: Фронтот ќе „експлодира“ во април

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Песков: Киев продолжува со залуден отпор наместо да отвори пат кон мировен процес

Каде исчезнаа парите за Украина: Трамп помладиот ја започнува истрагата на векот

Горан Наумовски

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров