Макрон бара остар одговор против демонстрантите од групата Црн блок

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на „исклучително остар“ одговор против демонстрантите од Црниот блок (припадници на анархистички движења) и оние чии цели се „само уништување и насилство“.

На утрешните првомајски демонстрации во Париз, организирани од синдикатите и Жолтите елеци, се очекуваат околу 2.000 припадници на Црниот блок.

На министерскиот совет, шефот на француската држава, многу јасно назначи дека треба да им се дозволиме на сите да демонстрираат на оваа симболична прослава.

– Но, со цел да го заштитиме ова право да се демонстрира, ние исто така мораме да бидеме исклучително остри против сите оние чии единствени цели се уништување, насилство, агресија, па дури и агресија кон полицијата, изјави портпаролката на францусклата Влада, Сибет Ндије.

Таа додаде дека Макрон сака „одговорот против Црниот блок да биде исклучително цврст“.

Би можело да ве интересира

Макрон: Француското нуклеарно оружје е можна тема во дебатата за одбранбениот систем на ЕУ

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Макрон: Мораме трајно да се подготвиме за геополитички и геостратешки промени

Макрон повика на забрзана транзиција кон „воена економија“ и помош за Украина

Горан Наумовски

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо