Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Од:

Доколку руската армија ја пробие линијата на фронтот и доколку Киев не повика, Франција би размислила за испраќање војници во Украина, изјави францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за Економист.

– Апсолутно. Како што реков, не исклучувам ништо бидејќи има некој од другата страна кој не исклучува ништо. Без сомнение, бевме премногу сомнителни кога ги дефиниравме границите на нашето дејствување – рече францускиот претседател.

Според него, неговата идеја за потенцијално испраќање војници во Украина била поддржана од многу земји.

– Имам јасна стратешка задача: Ако Русија победи во Украина, нема да има безбедност во Европа – додаде тој.

Тој исто така потсети дека Париз веќе испрати војници во други земји, вклучително и неодамна во Африка, за да се борат против тероризмот.

Макрон вели дека другите западни земји не треба „а приори“ да ја отфрлат оваа опција, бидејќи летото 2022 година беа против испраќање тенкови, ракети со долг дострел и авиони, а сега сето тоа и го испорачуваат на Украина.

Би можело да ве интересира

Хамас: Француското признавање на палестинската држава до јуни би било важен чекор

Макрон: Франција планира да ја признае палестинската држава во наредните месеци

ВИДЕО: Украинската војска повторно е на руска територија

Катерина Ѓуровски

Макрон: Ако Русија продолжи да го одложува и одбива мирот, мора да следи решителна акција

ВИДЕО: Четврти руски напад на Харков во една недела, четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Макрон: Царините на Трамп за Европа се брутални, нашиот одговор ќе биде посилен од претходно