Експертите за вируси на Мајкрософт во петок откриле дека еден нивен компјутер е заразен со штетен софтвер под називот Poison Ivy, а станува збор за вирус што хакерите го користат за да преземаат податоци од персоналните компјутери.
Мајкрософт на своите корисници на Виндовс им советува симнување и бесплатно инсталирање на новиот безбедносен софтвер кој ќе ги заштити од вирусот што се појави во Интернет Експлорер, а би можел да погоди милиони корисници.
Од Мајкрософт порачуваат дека ова е краткотрајно решение додека компанијата на пазарот не ја пласира заштитената верзија на Експлорер.