Компанијата „Мајкрософт“ тесно соработувала со американското разузнавање, за да му помогне да пресретнува комуникации на корисниците, при што помагала на Агенцијата за национална безбедност (НСА), да ја заобиколи кодираната заштита на електронска пошта, објави британскиот весник „Гардијан“.
Весникот цитира тајни документи, доставени од поранешниот соработник на американското разузнавање Едвард Сноуден. Според него, „Мајкрософт“ работела со ФБИ и програмата за следење „Призма“.
„Мајкрософт“ и помогнала на програмата „Призма“ исто така да собира видео и аудио досиеја од разговори на Скајп.
Компанијата претходно соопшти дека не давала на НСА директен пристап до информација на корисниците и повтори дека доставува податоци на свои корисници единствено при законски барања.