Компанијата „Мајкрософт“ го престави својот нов „офис“ поддржан со тач – екран и клоуд како најважни карактеристики на новиот пакет.
„Тој е дизајниран лесно да се прилагоди на „Виндоус 8“, изјави Стив Балмер, извршниот директор на компанијата.
Пакетот поддржува таблети и смартфони, интеграција на Скајп и неодамна купениот Јамер. Сите документи ќе се чуваат во стандардното Скајдрајв.
Ако користите „пенкало“ за пишување по екранот, записите автоматски ќе бидат престорени во текст.
Според Балмер, ова е најамбициозниот модерен „офис“ пакет досега. Во моментот на располагање на корисниците е „бета“ верзијата, а конечниот програм и цена се уште не се официјално објавени.