Мајкрософт, ФБИ и властите од 80 држави се обидуваат да ја уништат хакерската мрежа „Ситадел ботнетс“

Од:

Компанијата Мајкрософт и агенти на ФБИ заедно со властите од 80 држави во светот почнаа заедничка истрага за активностите на хакерската мрежа „Ситадел ботнетс“ (Citadel Botnets), што се претпоставува дека од банкарски сметки низ целиот свет извлекла 500 милиони долари, пренесоа руските медиуми.

Специјално одделение на Мајкрософт во средата веќе уништило над 1.000 вредоносни бот мрежи, што инфицирале околу пет милиони компјутри.

Во САД биле нападнати серија банки, вклучувајќи ги „Банк оф Америка“, „Ситигруп“, „Џеј Пи Морган Чејз“ и др.

Според корпорацијата, меѓутоа, се уштее се активни 400 вирусни мрежи. Мајкрософт претпоставува дека кибер криминалците имаат бази во Русија или Украина, затоа што во овие земји не се регистрирани вирусни напади.

Експертите засега не успеале да дознаат кој ја предводи групата, „но веќе сериозно удриле врз технологиите“, соопшти компанијата.

„Ситадел ботнетс“ е нешто како платена социјална мрежа за хакери – анонимни потрошувачи во неа можат да си разменат соопштенија, да гласаат за нови идеи, да наддаваат за разработени или модернизирани хакерски модули.

Мрежата активно дејствува во САД, Европа, Австралија, Индија и Хонконг, забелжуваат руските медиуми.

Би можело да ве интересира

Сенатот ја oдобри номинацијата на Каш Пател за директор на ФБИ

ФБИ откри илјадници нови документи за атентатот на Кенеди

Трамп нареди „чистка“ во ФБИ

ФБИ предупреди на опасност од имитација на напади во Њу Орлеанс

Горан Наумовски

ФБИ ја истражува поврзаноста помеѓу експлозијата во Лас Вегас и нападот во Њу Орлеанс

Романски хакери украле над 106 милиони евра од сметките на 708 луѓе во Европа

А1он