Мајкл Фалон: Британија ќе продолжи со нападите со дронови врз ИД во Сирија

Од:

Британскиот министер за одбрана, Мајкл Фалон изјави денеска во Лондон дека Велика Британија нема да се колеба за да изврши нови напади со дронови во Сирија, со цел да спречи потенцијални терористички закани.

Министерот Фалон потврди дека во воздушни напади со дронови на британскиот РАФ, биле убиени двајца британски муслимани, џихадисти, припадници на милитантната сунитска исламистичка група Исламска држава (ИД).

– Станува збор за сосема легален акт на самоодбрана, рече Фалон, откривајќи дека двајцата убиени биле терористи и дека планирале извршување на серија терористички напади.

Во нападите со прецизно далечински управувани летала се убиени Ријаз Кан (21) британски муслиман роден во Кардиф, во Велс, како и Рухил Амин (26) Британец од Абердин, во Шкотска.

Двајцата се убиени на 21 август во реонот на сирискиот град Рака, кој е под контрола на ИД и се смета како центар на „исламскиот калифат“.

Мајкл Фалон објасни дека немало друг начин да „се спречи Кан“, кого премиерот Дејвид Камерон го обвини за „варварски напади“.

Според британските тврдења, има и други терористи кои се вклучени во заговори за напади врз цели на британската територија, па затоа нема да има двоумење РАФ повторно да нападне цели на сириската територија, што ги контролираат џихадистите на ИД.

Ова досега е прв случај, РАФ да изврши напади и да убие Британци-терористи со дронови.

Опозициските лабуристи и Шкотската национална партија (СНП) побараа од Владата независна истрага, дали операциите со дроновите се легално извршени.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца