Мајкл Џордан подари пет милиони долари за новоотворениот музеј во комплексот Смитсонијан, посветен на историјата на Афроамериканците, кој ќе биде свечено отворен во паркот „Нејшенл мол” во Вашингтон на 24 септември.
Од Националниот музеј за афроамериканска историја и култура официјално ја потврдија оваа информација.
Во знак на признание и благодарност за гестот, спортската секција од галеријата Музејот ќе ја именува по името на поранешниот професионален кошаркар.
Џордан на Музејот му го подари и дресот што го носеше на финалето на НБА лигата во 1996 година.