Мајами: Бројот на загинати при уривањето на зградата се искачи на 78 лица

Од:

Бројот на жртви при уривањето на станбена зграда во Мајами денеска се искачи на 78, откако од под урнатините беа извлечени уште 14 тела, изјави градоначалничката на Мајами Дејд Даниела Левин Кава.

Други 62 лица се водат како исчезнати во несреќата што се случи на 24 јуни и се стравува дека не се живи, додаде таа на прес-конференцијата.

Претходно беше соопштено дека спасувачите, кои работат на местото на уривање на повеќекатната зграда, го насочиле фокусот на активностите кон пронаоѓање на тела на жртви, откако утврдиле дека нема шанси некој во урнатините сè уште да биде жив.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Евреин испука 17 куршуми во двајца Израелци во Мајами, мислел дека се Палестинци

(ВИДЕО) Се урна зграда во Каиро, најмалку десет мртви

Горан Наумовски

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ