Махатхир: Муслиманските земји треба да се обединат по убиството на Сулејмани

Од:

Муслиманските земји треба да се обединат за да се заштитат од надворешни закани, изјави малезискиот премиер Махатхир Мохамед, кој убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани го нарече „аморално“.

Најстариот премиер на светот исто така рече дека американскиот напад врз Сулејмани е против меѓународните закони.

Махатхир (94) смета дека тоа дека тоа би можело да доведе до ескалација во она „што се нарекува тероризам“.

– Вистинско време е муслиманските земји да се зближат. Веќе не сме сигурни. Ако некој навреди некого или каже нешто што некому не му се допаѓа, во ред е таа личност од друга земја да испрати дрон и можеби да пука кон мене, рече Махатхир.

Во Малезија живеат околу 10.000 Иранци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

Иран: Америка не само што не понижува нас, туку и целиот свет

(ВИДЕО) „Ако проектил од подморница летне кон Америка…“: Џеј-Ди Венс и се закани на Данска од воената база на Гренланд

Предраг Петровиќ

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Чистката во војската: Трамп го отпушти највисокиот генерал

Предраг Петровиќ

Путин и Трамп ќе се сретнат на крајот на февруари

Предраг Петровиќ