Мадуро: Западот го поттикна џихадизмот на Блискиот Исток

Од:

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги обвини западните сили дека придонеле за зајакнување на џихадизмот на Блискиот Исток.

Тој во своето обраќање пред Генералното собрание на ОН во Њујорк истакна дека Венецуела „е подготвена да се бори против тероризмот“, но упати остри критики за стратегијата на САД во нивните акции против екстремистичката група Исламска држава (ИД) во Ирак и Сирија.

Мадуро постојано ја критикува поддршката на Западот за сириските бунтовници против претседателот на земјата Башар ал Асад.

Венецуелскиот лидер смета дека е потребно да се изврши длабока реформа на ОН, кои, според него, треба да доживеат „демократска трансформација за да се адаптираат кон еден мултиполарен свет, во кој ќе има земји и региони со забрзан развој, кои имаат сопствен став и очекуваат да бидат почитувани“.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски