Мадуро тврди дека САД и наредиле на Колумбија да го убие

Од:

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро синоќа обвини дека САД им наредиле на властите на Колумбија да го убијат.

– Белата куќа и даде задача на Богота да ме убие, изјави Мадуро во обраќање, што беше пренесувано во живо на државните радио и телевизија.

Како што јави ДПА, Мадуро, кој и претходно тврдеше дека Вашингтон стои за нападот врз него со дрон на 4 август во Каракас, не неведе никакви докаи за обвинувањата дека Колумбија подготвува негово убиство.

Мадуро во обраќањето нагласи дека „Бог и народот го штитат“ и доколку му се случи нешто „работничката класа треба да започне генерален штрајк и бунт“.

Венецуела се соочува со тешка економска криза, која, според западни експерти, е последица на политиката за изградба на „социјалистичка економија“ што ја спроведува Мадуро. Венецуелските власти пак за кризата ги обвинуваат САД, тврдејќи дека Вашингтон сака да ја уништи економијата на земјата.

Би можело да ве интересира

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев