Мадуро: Трамп нема да биде полош претседател од Обама

Од:

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп е жртва на глобална кампања на омраза, јави БТА.

– Трамп не може да биде полош претседател од неговиот претходник Барак Обама, изрази увереност Мадуро.

За време на предизборната кампања во САД, кандидатот на Републиканската партија ги обвини владејачките социјалисти во Венецуела дека го потиснуваат сопствениот народ.

Во првиот јавен коментар за победата на Трамп, Мадуро се воздржа да одговори на критиките.

– Да почекаме да видиме што ќе се случи. Да не брзаме. Сакам да бидам претпазлив, истакна венецуелскиот претседател.

Истовремено, Мадуро нагласи дека единственото што може да го тврди е оти Трамп нема да биде полош претседател од Обама.

– Претседателот во заминување на САД го остави светот, измачен од злото на тероризмот. Во Латинска Америка тој ќе биде запомнет по три државни удари, наведе Мадуро за Обама.

Би можело да ве интересира

Нов состанок на Русите и Американците утре во Истанбул

Катерина Ѓуровски

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина